
Учество на Михаела Ѓорчева на „Ереван форум 2026 – Ерменија–Европа: образование, знаење и иновации“
4 ноември 2026На 03.11.2026 година, во просториите на Кампус Битола, пред студентите на Факултетот за технички науки и информатика беше реализирано стручно предавање од областа на безбедноста и здравјето при работа (БЗР). Предавањето го одржа Предраг Зариќ, претседател на Здружението за заштита при работа на Општина Битола и истакнат стручњак со долгогодишно искуство во областа на безбедноста при работа.
Како експерт во својата област, Предраг Зариќ активно спроведува стручни обуки за безбедност на градилишта, со посебен акцент на препознавањето и спречувањето на ризиците, примената на превентивните мерки и создавањето безбедни услови за работа. Дополнително, тој е назначен за претставник на здруженијата на стручни лица во државниот Совет за безбедност и здравје при работа при Владата на Република Северна Македонија.


Во текот на предавањето студентите имаа можност да се запознаат со практичните аспекти на примената на мерките за безбедност и здравје при работа, значењето на превенцијата од повреди на работното место, одговорностите на работодавачите и вработените, како и улогата на стручните лица во воспоставувањето и одржувањето на безбедна работна средина.
Посебно значење беше посветено на поврзувањето на теоретските знаења стекнати во текот на студиите со реалните предизвици во работната практика, особено во градежниот сектор, каде што постојат бројни професионални ризици и потреба од доследна примена на законските и техничките мерки за заштита.
Организирањето на вакви стручни предавања претставува значаен придонес кон унапредувањето на квалитетот на наставниот процес, стекнувањето практични компетенции и професионалниот развој на студентите. Истовремено, ваквите активности ја потврдуваат определбата на Факултетот за технички науки и информатика за континуирано поврзување на високото образование со стручната практика, институциите и професионалните здруженија.
Факултетот продолжува да поттикнува соработка со стручни лица и експерти од практиката, со цел студентите да стекнуваат современи знаења, практични вештини и компетенции потребни за успешно вклучување на пазарот на трудот.





