Врз основа на член 149, член 134 став 2 и член 135 од Законот за високото образование на Р. Северна Македонија (сл.весник 82/2018, 154/2019, 178/2021 и 58/2024) и член 165 од Статутот на Меѓународен Славјански Универзитет Свети Николе, Република Северна Македонија, Ректорската управа на ден 19.03.2026 година донесе одлука за распишување на конкурс за упис на студенти во учебната 2026/2027 година и го објавува следниот
Конкурс за запишување на студенти на втор циклус на студии во академската 2026/2027 година
Факултет за економија и организација на претприемништвото (едногодишни студии)
- Менаџмент на човечки ресурси
- Маркетинг
- Применети финансии
- Human Resource Management*
- Organizational Psychology*
Факултет за психологија (едногодишни и двегодишни студии)
Факултет за психологија (едногодишни студии)
Факултет за технички науки и информатика (двегодишни студии)
- Софтверски технологии
- Компјутерски системи и мрежи
- Безбедност при работа
- Управување со отпад
- Безбедност од пожар
Факултет за правни науки (едногодишни студии)
- Административно право и јавна администрација,
- Граѓанско право,
- Казнено право,
- Меѓународно право и меѓународни односи,
- Деловно право
- Financial Crime and Criminal Justice*
Број на студенти
За студии со настава на македонски јазик:
Факултет за економија и организација на претприемништвото (едногодишни студии)
- Менаџмент на човечки ресурси во организации – 35 студенти,
- Маркетинг – 35 студенти,
- Применети финансии – 15 студенти.
Факултет за психологија (едногодишни студии)
- Психологија во социјалната заштита – 25 студенти,
- Клиничка и советодавна психологија – 25 студенти,
- Психологија на образование – 25 студенти.
Факултет за психологија (двегодишни студии)
- Клиничка и советодавна психологија – 25 студенти.
Факултет за технички науки и информатика (двегодишни студии)
- Безбедност при работа – 25 студенти,
- Управување со отпад – 40 студенти,
- Компјутерски системи и мрежи – 25 студенти,
- Софтверски технологии – 25 студенти.
- Безбедност од пожар – 25 студенти.
Факултет за правни науки (едногодишни студии)
- Административно право и јавна администрација – 30 студенти,
- Граѓанско право – 30 студенти,
- Казнено право – 35 студенти,
- Меѓународно право и меѓународни односи – 30 студенти,
- Деловно право – 25 студенти
За студии со настава на англиски јазик:
Факултет за економија и организација на претприемништвото (едногодишни студии)
- Human Resource Management – 25 студенти
- Organizational Psychology – 25 студенти
Факултет за правни науки (едногодишни студии)
- Financial Crime and Criminal Justice – 25 студенти
* Реакредитација/акредитација на овие студиски програми е во тек.
Рокови за упис
Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со добиени 240 ЕКТС (четиригодишни студии) на двегодишни и едногодишни студии и 180 ЕКТС (тригодишни студии) на двегодишни студии.
Кандидатите се запишуваат со самофинансирање на студиите. При уплата на вкупната школарина при упис на академската година студентите добиваат попуст од 10%.
Се определува школарина за следниве факултети:
- Факултет за економија и организација на претприемништво за 2 циклус постдипломски студии за насока: Маркетинг во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за економија и организација на претприемништво за 2 циклус постдипломски студии за насока: Менаџмент на човечки ресурси и Human Resource Management во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за економија и организација на претприемништво за 2 циклус постдипломски студии за насока: Применети финансии во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за економија и организација на претприемништво за 2 циклус постдипломски студии за насока: Organizational Psychology во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за технички науки и информатика за 2 циклус постдипломски студии за насока: Безбедност при работа во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за технички науки и информатика за 2 циклус постдипломски студии за насока: Управување со отпад во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за технички науки и информатика за 2 циклус постдипломски студии за насока: Безбедност од пожар во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за технички науки и информатика за 2 циклус постдипломски студии за насока: Компјутерски системи и мрежи во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за технички науки и информатика за 2 циклус постдипломски студии за насока: Софтверски технологии во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за психологија за 2 циклус постдипломски студии за насока: Клиничка и советодавна психологија во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за психологија за 2 циклус постдипломски студии за насока: Психологија на социјална заштита во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за психологија за 2 циклус постдипломски студии за насока: Психологија во образованието во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за правни науки за 2 циклус постдипломски студии за насока: Казнено право во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за правни науки за 2 циклус постдипломски студии за насока: Граѓанско право во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за правни науки за 2 циклус постдипломски студии за насока: Меѓународно право и меѓународни односи во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за правни науки за 2 циклус постдипломски студии за насока: Деловно право во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за правни науки за 2 циклус постдипломски студии за насока: Административно право и јавна администрација во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно.
- Факултет за правни науки за 2 циклус постдипломски студии за насока: Financial Crime and Criminal Justice во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно.
Услови и критериуми за упис
Пријавувањето и доставувањето на документи за упис ќе се врши во просториите на ПВУ Меѓународен Славјански Универзитет – Свети Николе во периодот од 01.04.2026 до 28.10.2026 година.
Листата на запишаните студенти ќе биде објавена нa 30.10.2026 година.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за завршен прв циклус на студии (Кандидатите кои се стекнале со дипломи во странство претходно треба да спроведат процедура за нивно нострифицирање во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија);
- Уверение за положени испити;
- Извод од матична книга на родените;
- Државјанство;
- Лична карта (на увид);
- 2 мали фотографии во боја;
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет Свети Николе – Битола, Република Северна Македонија
- Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77
- Битола на ул. Прилепска бр. 90А.
За подетални информации заинтересираните кандидати можат да се обратат на тел. 032/440-330, 047/609-778 или на електронската пошта info@msu.edu.mk.



















