Bо Ликовниот салон во Велес беше отворена изложба на фотографии и плакати насловена како Светски пожар, посветена на Првата светска војна. Изложбата ја изготви Здружението на Руската дијаспора во Македонија, а беше реализирана во организација на Институтот за култура при Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р.Державин“ и Здружението за Македонско-Руско пријателство Димитрија Чуповски од Велес.
За изложбата говореше Драган Миладиновски, директор на Институтот за култура при Меѓународниот Славјански Универзитет, а изложбата ја прогласи за отворена господинот Алексеј Кривошеев, аташе за култура во амбасадата на Руската Федерација во Р. Македонија.
Тој изјави дека наша должност е да ги паметиме жртвите на војната, независно од нивната национална и верска припадност, и дека лекција која треба да се научи е: никогаш да не се повторат грешките од историјата, кои се платени со животите на цели поколенија.
Со својот прекрасен настап присутните ги изненади познатиот пијанист Глигор Гелебешев, кој истата вечер во Ликовниот салон имаше самостоен солистички концерт.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |