На 26 април 2023 година (среда) на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе се одржа работилница на тема „Заштита на жртвите на родово базирано насилство во Р. С. Македонија“. Предавач на настанот беше Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство заедно со доц. д-р Милена Спасовска, професор на Факултетот за психологија при МСУ.
Денешната работилница имаше за цел да ги поттикне присутните да ги препознаат и да им дадат поддршка на жртвите на родово базирано насилство во Р.С. Македонија. За адекватно справување со овој проблем, неопходно е да се едуцираат луѓето за природата и последиците од родовото насилство, како да го препознаат и како да им дадат поддршка на жртвите. Оваа работилница беше можност за учесниците да научат за важноста од слушање, верување и поддршка на жртвите и начините на кои тие можат да помогнат.
Клучниот акцент на работилницата беше ставен на важноста од препознавање и спречување на родово засновано насилство. Присутните научија за различните форми на насилство, вклучувајќи физичко, емоционално, сексуално и економско насилство, и како да ги препознаат знаците на насилство и да разговараат со луѓето што го доживуваат.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |