Доц. д-р Павлина Димитрова од Универзитетот за агробизнис и рурален развој од Пловдив, Бугарија и доц. д-р Керанка Недева од Земјоделски универзитет од Пловдив, Бугарија деновиве сe во посета на Меѓународен Славјански Универзитет во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за наставен кадар.
Во рамки на посетата на универзитетот (13 февруари 2023) остварија средба со претседателот на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев и вработените од Канцеларијата за меѓународни односи на МСУ.