Проф. д-р Татјана Голубовиќ и проф. д-р Снежана Живковиќ од Факултетот за безбедност при работа од Универзитетот во Ниш, Србија деновиве се во посета на Меѓународен Славјански Универзитет во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за наставен/административен кадар.
Во рамки на посетата на универзитетот (19 декември 2022) остварија средба со претседателот на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев и вработените од Канцеларијата за меѓународни односи на МСУ.