Ученици од трета и четврта година од СОУ „Коле Нехтенин“, Штип започнаа со одржување на практична настава во Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе. Праксата се реализира секој петок и учениците имаат можност да се запознаат со платформите на нашиот универзитет. Тие работат заедно со вработените од секторот за Е-учење и Маркетинг.