Доц д-р Mустафа Ешкису, асистент Мурат Аќиркан, асистент Намик Кемал Хасполат од Факултетот за образование при Универзитетот Ерзинџан Бинали Јилдирим, Република Турција и асистент Огужан Челик од Факултетот за уметности и науки при Универзитетот Ерзинџан Бинали Јилдирим, Република Турција, деновиве се во посета на МСУ во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за наставен/административен кадар.
Во рамки на денешната посета на универзитетот (10 мај 2022) остварија средба со претседателот на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев и вработените од Канцеларијата за меѓународни односи на МСУ.