Босанската академија на науките и уметностите „Кулин бан“ денес на нашиот професор Хаџиб Салкиќ му додели сребрена плакета за значаен придонес во активностите и работата на академијата.
Проф. д-р Хаџиб Салкиќ предава група предмети на Факултетот за информатика при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
На истиот настан за почесен член на Босанската академија на науките и уметностите „Кулин бан“ беше избран поранешниот претседател на Хрватска и последниот претседател на Претседателството на Југославија, Стипе Месиќ.