Кшиштоф Шелски од Универзитетот Јан Кохановски од Полска, деновиве е во посета на МСУ во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за наставен кадар.
Во рамки на денешната посета на универзитетот (16 јуни 2021) тој оствари средба со претседателот на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, проф. д-р Јордан Ѓорчев и со ректорката на МСУ, проф. д-р Ленче Петреска. На средбата присуствуваше и д-р Бојко Соколовски.