Донирани книги за библиотеката на МСУ во Свети Николе од Драган Јањатов и Олга Панкина

Се одржа предавањето „Работната сила како економски фактор“ од Летната лидерска школа
15 јуни 2021
Кшиштоф Шелски од Универзитетот Јан Кохановски од Полска во посета на МСУ во рамките на Еразмус+
16 јуни 2021

Донирани книги за библиотеката на МСУ во Свети Николе од Драган Јањатов и Олга Панкина

Денес, 16 јуни 2021, на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин” се одржа мала свеченост по повод донацијата на книги од Драган Јањатов – поранешен дипломат и публицист со тематика од меѓународните односи и дипломатијата и автор на книгите Основи на дипломатската служба и Постсоветски мередијани и московски записи – ги сублимира своите искуства и сознанија од долгогодишното работење во Руската Федерација.

Исто така книги на универзитетот донираше и госпоѓата Олга Панкина – професор и преведувач од руски јазик на македонски јазик и обратно и претседател на невладината организација Македонски културен центар во Москва кој го организира и води 11 години.

Се работи за триесетина книги – преводи од македонски автори објавени на руски јазик во последниве 5 години. Се работи за едицијата 100 словенски романи во која се застапени Влада Урошевич, Оливера Николова, Венко Андоновски и Гоце Смилевски како и од проектот Македонскиот роман на 21виот век.

Олга Панкина исто така подари една слика и книга на МСУ под наслов Паралелни светови.