Се одржа предавањето „Јавно говорење и настап“ од Летната лидерска школа

Кшиштоф Шелски од Универзитетот Јан Кохановски од Полска во посета на МСУ во рамките на Еразмус+
16 јуни 2021
Се одржа предавањето „Маркетинг и лидерство“ со м-р Сашо Нефовски (ОК Идеа) и Наде Темелковска (Нептун)
17 јуни 2021

Се одржа предавањето „Јавно говорење и настап“ од Летната лидерска школа

„Јавно говорење и настап“ беше петтото предавање од Летната лидерска школа која е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД – Штип.

„Јавно говорење и настап“ се одржа на 16 јуни 2021, со почеток од 20:00 часот и имаше над 450 учесници, а предавачи беа проф. д-р Иван Ефремовски од Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и актерот Марјан Ѓорѓиевски.

На настанот беа обработени теми како подготвување на говор, важноста на говорот на телото, начини на обраќање кон различна публика, пренесување на пораки преку медиумите итн.



Сите учесници ќе добијат Сертификат за учество. Летната лидерска школа е бесплатна и учество може да земат сите заинтересирани граѓани.

Повеќе информации за следните вебинари можете да дознаете на веб страницата на Летната лидерска школа.