Почитувани читатели,
Со задоволство ви го претставуваме интервјуто со Милена Паневска, член на Алумни клубот при МСУ, која живее и работи во Норвешка како сметководител со диплома од МСУ. Се надеваме дека ќе уживате.
Своето основно и средно образование ги завршив во мојот роден град Свети Николе, а исто така се одлучив и своето високо образование да го продолжам тука и затоа се одлучив за МСУ ,,Гаврило Романович Державин”.
Студирав и завршив на економскиот факултет, насока менаџмент на организација, со просек 9,69.
Пред да се запишам на овој универзитет добро се информирав за начинот на студиите како и на можностите кои што ги нуди овој универзитет. Во текот на целото студирање бев во постојан контакт со професорите кои што ме следеа во наставниот процес. Станува збор за професионалци, одговорни професори кои што сакаат, знаат и умеат да го споделат своето знаење и искуство. Постојаните вежби, како и задачи ми придонесоа да се стекнам не само со теоретско туку и практично знаење. Задолжителната пракса е само потврда дека овој универзитет се грижи за своите студенти и сака да им помогне со тоа што има склучено голем број на договори за соработка со фирми ширум низ нашата држава. Огромното знаење кое што го добив на овој универзитет го користам моментално во кралството Норвешка.
Моментално живеам и работам во Кралството Норвешка. Овде живеам 3,5 години, но веќе 2,5 години работам она што го сакам, она што го студирав. Позитивната работа е тоа што сите до еден предмети се признаени и добив 100% нострификација на мојата диплома. Работам како сметководствен работник во сметководствено биро Imente Juss&Regnskap AS во Осло. Овде само докажав дека без разлика од каде доаѓам квалитетот и знаењето/образованието се на прво место. Изучувањето на два странски јазици- руски и англиски во текот на студиите ми помагаат да контактирам со клиенти од различни држави. Одговорна сум за околу шеесет фирми/организации, спремање плата, сметководство од а до ш, одговорна за еден дел ИТ, контакт со клиентите, рапортирања кон државата итн.
Моментално сум студент на факултетот за безбедност, магистeрски студии, насока безбедност при работа при МСУ ,,Гаврило Романович Державин” кој што исто така е признаен, вреднуван и бодиран. Насока која само ќе ми ги отвори пошироко вратите за поголем број работни позиции бидејќи градежништвоето е во широка експанзија низ целото кралство и ми дава сигурност на професионален план.
За кратко време планирам да се запишам на дополнителни студии овде во Норвешка за да добијам авторизација за овластен сметководител, а ми недостасуваат само три предмети, бидејќи сите предмети од наставната програма во Македонија се бодирани со максимум поени. Станува збор за предмети кои опфаќаат норвешки закони, правила и прописи.
На крај би сакала да им посакам среќа на сите идни студенти, и да им кажам една важна работа која што можат да ја направат за себе е да одберат правилно и да се запишат на факултетот кој навистина мисли на своите студенти. Одберете правилно, одберете го МСУ.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |