По повод одбележувањето на 9-ти Мај, Денот на Европа, на УКЛО се одржа манифестацијата со наслов: Собир на македонските универзитети која оваа година се состоеше од три дела:
Официјално отворање на манифестацијата, студентска дебата на тема: „Активни млади – жива демократија” и натпревар во ораторство на тема „Активни млади – жива демократија”.
Свое обраќање имаше и проф. д-р Ленче Петреска, ректор на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
Учество во студентската дебата и натпреварот во ораторски вештини зедоа и студенти од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
1. Трајче Тасевски – студент во 3-та година на Факултетот за правни науки
2. Димитра Цилевска студент во 3-та година на Факултетот за психологија
3. Виктор Дамчевски – студент 4-та година на Факултетот за економија
Европско движење традиционално, повеќе од 20 години, организира студентски собир со учесници од големите македонски универзитети (УКЛО, УКИМ, ДУТ, SEEU, УГД, Американ колеџ, Меѓународен Славјански Универзитет и други). Покрај студентската дебата се одржа и натпревар во ораторски вештини.
Манифестацијата претставува солидна платформа за дебатирање на студентите за Европската Унија, за проширување на европските вредности и воочување на младинските перспективи. Исто така, овој настан е многу значаен за студентскиот соживот, за размена на искуства, за стекнување на пријателства, но и за поттикнување на соработка меѓу самите универзитети.