Во чест на делегацијата од Тамбовскиот државен универзитет „Г.Р. Державин“ од градот Тамбов, Русија, кои специјално допатуваа во нашата земја за манифестацијата „Бесмртен полк“, денес, на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола, беше организирано предавање од областа на историјата на тема „Втората светска војна и придонесот на двете земји во борбата над фашизмот” реализирана од проф. И. Трајковски и проф. д-р Р. Трајковски.