Денес во Свети Николе се одржа Масленица, однoсно руска Прочка.
Настанот беше организиран на градскиот плоштад, а е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, Општина Свети Николе, Македонско-руската стопанска комора и Сојузот на друштвата за македонско-руско пријателство.
Настанот беше збогатен со настап на фолклорниот ансамбал „Чајка“, потоа хорот „Кирил и Методиј“ од Велес и познатите пејачи Александар Белов, Дарко Илиевски и Влатко Лозаноски.
Масленица претставува славење на новиот живот, будење на природата, доаѓање на сончевата топлина. На трпезата традиционално се нудат палачинки кои го претставуваат сонцето, а од тој ден во православниот свет започнуваат постите како најава за големиот христијански празника Велигден.