Денес прославуваме 278 години од раѓањето на големиот руски поет Г. Р. Державин! На денешен ден 1743 година роден е Г. Р. Державин – истакнат руски поет кој важел за најголем пред Пушкин.
Державиновите најпознати дела се одите, посветени на царицата и други дворјани. Во негова чест е именувана нашата високообразовна установа Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе и Битола.