Денес е 24 јануари, Меѓународниот ден на образованието. Како високообразовна установа, Меѓународен Славјански Универзитет посветено работи на овозможување подобри услови за учење и попристапно образование за сите.
Веруваме дека доброто, квалитетното и инклузивното образование нуди подобри прилики за сите и е особено важно за постигнување на родовата еднаквост, како и подобар квалитет на живот.
Со обезбедување на бесплатни обуки и работнилници кои се отворени за сите, се залагаме за промоција и развивање на култура за доживотно учење, што е клучно за социјалната инклузија, активното граѓанство, но и личниот развој.