Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите кои се стекнале со диплома за завршено средно образование во траење од четири години во учебната 2019/2020 година без положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите. При плаќање на школарината во готово студентите добиваат попуст од 10%.

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Се определува школарина за следниве факултети:

  • Факултет за економија и организација на претприемништво за 1 циклус додипломски студии за насока: Финансии и банкарство во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за економија и организација на претприемништво за 1 циклус додипломски студии за насока: Менаџмент и претприемништво во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за безбедносно инжeнерство за 1 циклус додипломски студии за насока: Безбедност при работа во износ од 700 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за информатика за 1 циклус додипломски студии за насока: Компјутерски системи и мрежи во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за информатика за 1 циклус додипломски студии за насока: Софтверски технологии во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за психологија за 1 циклус додипломски студии за насока: Општа психологија во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за правни науки за 1 циклус додипломски студии за насока: Правни студии во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно.

Износот на школарината за запишување на странски студенти со положена меѓународна матура изнесува двојно од износите предвидени за домашните студенти.

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.