Првиот уписен рок трае од 22.03.2023 година до 25.08.2023 година. Во првиот уписен рок право на запишување имаат кандидатите со положена државна или меѓународна матура, студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 31.08.2023 година.

Вториот уписен рок трае од 01.09.2023 година до 25.09.2023 година. Доколку во првиот уписен рок не се пополнат сите предвидени места, во вториот уписен рок можат да се запишат студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 30.09.2023 година.