Радио Свети Николе постои од 1969 година, а од 2007-ма година МСУ го зеде под своја закрила. Денес радиото функционира како студентско радио, каде студентите можат слободно да ги споделуваат своите размислувања и да се изразуваат преку емисии, дебати, нова музика и вести од случувањата на универзитетот.

Радиото е отворено за сите студенти и граѓани кои сакаат да учествуваат во креирање на програмата – од локални вести до забавна музика, филмски критики, наука… Се што можете да замислите, тука можете да го остварите.

11021084_10152663925626074_2856390636184083850_n

Кликнете на сликата за да го посетите официјалниот Facebook профил на радио Свети Николе.

Ако имате трема да одите во живо, нудиме можност за снимање на емисија. По снимањето емисијата може да биде уредена како што Вие сакате и да биде емитувана во термин по Ваш избор.

Доколку се уште не можете да се осмелите да застанете позади микрофонот, тогаш можете да пробате да Бидете диџеј. Нашите музички техничари ќе Ве водат низ процесот, а Вие ќе ги добиете Вашите 5 минути.

Можете да бидете и практиканти во нашето радио. Доколку еден ден сакате да градите новинарска кариера или пак сакате да видите како изгледа „од другата страна на звучникот“, добредојдени сте во нашето радио!