MCSP_LOGO_onWHITE-02

Кликнете на сликата за да го посетите Facebook профилот на издавачката куќа

Меѓународен центар за славјанска просвета е името на официјалната издавачка куќа на МСУ. Нејзината намена е да ги развие и унапреди целите на универзитетот од областа на знаењето, едукацијата, учењето и истражувањето.

Насловите кои се досега издадени се од областа на менаџментот, маркетингот, економијата, психологијата, правото информатиката… Издавачката куќа се грижи и за издавањето на меѓународните списанија од одржаните конференции на универзитетот и некои од нашите партнерски универзитети.

Освен учебници и списанија, се издаваат и романи од македонски автори, како и збирки раскази, поезија итн.

 


Печатница и книжарница


Во склоп да издавачката куќа има и печатница, каде книгите се дизајнираат, обработуваат и доведуваат до својата конечна форма.

Книжарницата во Свети Николе ја нуди целокупната литература како од нашата издавачка куќа, така и од други издавачи од Македонија, така што студентите имаат голем избор на стручна и слободна литература.