Нашите ракометарки од ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет викендов одиграа два натпревари.
На 26.03.2022 година (сабота) нашите ракометарки го одиграа шестото коло од плеј-аутот од Женската лига против екипата РК Кузман Вардар. Крајниот резултат беше 28:35 – победа за нашите ракометарки.
На 27.03.2022 година (недела) нашите ракометарки го одиграа петтото коло во Женската Младинска Лига против екипата РК Кузман Вардар. Крајниот резултат беше 29:25 – победа за нашите ракометарки.