
МСУ е домаќин на административен кадар од турскиот универзитет Окан
22 јули 2026Меѓународен Славјански Универзитет оваа недела е домаќин на Гулдаг Ајдогду од Универзитетот Ерзинџан Бинали Јилдирим од Република Турција.
Посетата се реализира во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за административен кадар, и претставува можност за размена на искуства и добри практики во областа на високото образование и универзитетската администрација.
Во текот на престојот на Меѓународен Славјански Универзитет, гостинката од турскиот универзитет Ерзинџан Бинали Јилдирим ќе оствари средби со вработените од Канцеларијата за меѓународни односи, а воедно ќе има можност да се запознае со работата и организацијата на Универзитетот.
Ваквите Еразмус+ мобилности придонесуваат за професионален развој на административниот кадар, размена на знаења и искуства и зајакнување на соработката меѓу партнерските универзитети.
На Гулдаг Ајдогду ѝ посакуваме пријатен престој и успешна Еразмус+ мобилност на Меѓународен Славјански Универзитет.




