
Гулдаг Ајдогду од Универзитетот Ерзинџан Бинали Јилдирим во Еразмус+ посета на МСУ
23 јули 2026Претставници на Меѓународен Славјански Универзитет следната недела ќе учествуваат на годишната конференција на Academy of Management – AOM 2026, еден од најзначајните меѓународни академски настани во областа на менаџментот.
Конференцијата ќе се одржи од 31 јули до 4 август 2026 година во Филаделфија, САД, а се очекува да обедини околу 10.000 учесници од различни земји.
Меѓународен Славјански Универзитет на конференцијата ќе го претставуваат Михаела Ѓорчева и Иван Спасев.
Academy of Management претставува една од најголемите светски академски заедници во областа на менаџментот, која обединува истражувачи, универзитетски професори и професионалци од целиот свет.
Учеството на МСУ на AOM 2026 претставува значајна можност за следење на современите трендови и истражувања во областа на менаџментот, размена на знаења и искуства, како и воспоставување нови контакти со претставници на академската и професионалната заедница од различни земји.
Присуството на овој значаен меѓународен настан е уште една можност Меѓународен Славјански Универзитет да ја зајакне својата меѓународна видливост и да биде дел од глобалната академска мрежа во областа на менаџментот.




