
МСУ ќе учествува на годишната конференција на Academy of Management – AOM 2026 во САД
23 јули 2026Група студенти од Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет учествуваат на младинската размена DigitA(I)GE – Beyond the Screen: Critical Thinking in the Digital Age, којашто се реализира во рамките на програмата Еразмус+ во Романија.
Младинската размена се одржува во периодот од 20 до 29 јули 2026 година и обединува млади учесници од Романија, Италија, Унгарија, Турција и Северна Македонија.
Во проектот учествуваат следните организации:
- Asociația Kreativ Research – Centrul de Studii Media și Cercetări Sociale од Романија
- MoNaDu APS од Италија
- Harmónia Egyesület од Унгарија
- Ada Youth Association од Турција
- Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет од Северна Македонија

Координатор на проектот е Kreativ Research Association од Романија, а Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет е дел од меѓународното партнерство вклучено во реализацијата на проектот.
Главната цел на DigitA(I)GE – Beyond the Screen: Critical Thinking in the Digital Age е младите да ги унапредат своите знаења и вештини во областа на дигиталната безбедност, медиумската писменост, критичкото размислување и одговорната употреба на вештачката интелигенција.
Во текот на младинската размена, учесниците преку различни работилници, интерактивни активности и работа во меѓународни тимови ќе учат како да препознаваат дезинформации, да развиваат навики за проверка на факти и побезбедно и поодговорно да се однесуваат во дигиталната средина.
Посебно внимание во рамките на проектот е посветено на препознавањето манипулирани содржини и содржини генерирани со вештачка интелигенција, како и на развојот на критички пристап кон информациите со кои младите секојдневно се среќаваат на интернет.
Преку учеството во вакви меѓународни проекти, младите имаат можност да стекнат нови знаења и искуства, да запознаат различни култури и да ја зајакнат интеркултурната соработка и активното младинско учество.















