Согласно договорот потпишан помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет и University of Ljubljana, School of Economics and Business (Универзитет во Љубљана, Економски факултет), програмата „Бизнис и организација“ на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана сега е достапна на нашиот универзитет.


Топ 100 програми во светот според Financial Times


University of Ljubljana, School of Economics and Business (Универзитет во Љубљана, Економски факултет) со гордост објавува дека интернационалната програма „Бизнис и организација” е рангирана меѓу најдобрите 100 на светско ниво на престижната листа на Financial Times. Рангирањето на Financial Times е најшироко признаено во меѓународната бизнис заедница, и самиот ранг го докажува квалитетот на програмата која е носител на добро познатите меѓународни акредитации EQUIS, AACSB и AMBA.

Исто така, во месец септември во Брисел EFMD (European Foundation for Management Development) официјално ја продолжи EQUIS акредитацијата во времетраење од 5 години на Економскиот факултет на Универзитетот во Љубљана. Со ова уште еднаш се потврдува исклучителниот квалитет на образование кој Економскиот факултет го имплементира на меѓународно ниво.


Факултет со тројна круна


Искористете ја можноста во Р. Северна Македонија да студирате на програма од факултетот кој е првиот и моментално единствениот со т.н. „Тројна круна“ во Југоисточна Европа со највисоките интернационални акредитации EQUIS, AASCB и AMBA!

Уписот на кандидатите и реализација на програмата ќе се врши на Славјански Универзитет. Официјален јазик на прогамата е англиски јазик.

Во Словенија магистерската програма „Бизнис и организација” е акредитирана од Националната агенција за квалитет во високото образование (НАКВИС) на Република Словенија. University of Ljubljana, School of Economics and Business (Универзитет во Љубљана, Економски факултет) ја доби акредитацијата од Владата на Република Северна Македонија за реализација на магистерската програма „Бизнис и организација”. Сите законски услови за одржување на студиите во Република Северна Македонија се исполнети.

Оваа програма ја препорачуваме за:

  • менаџери и претприемачи кои веќе се вработени;
  • лидери кои имаат мултидисциплинарни одговорности;
  • директори кои сакаат да развијат сеопфатна, интегрирана перспектива и да ги изострат нивните стратешки вештини;
  • амбициозни експерти на кои им се важни менаџерските вештини;
  • мотивирани индивидуалци кои можат да го изразат својот лидерски потенцијал;
  • дипломирани студенти со или без работно искуство.

Повеќе информации:


 


https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/2057805324230203/