МСУ е партнер за регрутирање на студенти за докторски студии во Република Северна Македонија и регионот.

Согласно билатералниот договор, МСУ е партнер за регрутирање на студенти на докторските студии при Великотрновскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од Бугарија, а во тек е постапка за отворање на филијала во рамки на нашиот универзитет. Според тоа, уписот на кандидатите и реализација на програмата ќе се врши на Меѓународен Славјански Универзитет.

Програмата за докторски студии е менторска. Консултациите со менторот ќе се одржуваат на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе.

Великотрновскиот универзитет е првиот бугарски универзитет кој е основан надвор од Софија, Бугарија. Основан е на ридот Света Гора (во Велико Трново) во есента 1963-та година.



Денес Великотрновскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ е најголемиот бугарски универзитет надвор од Софија и претставува високопризнат центар за уметност и општествени науки. Универзитетот има развиено силна интернационална репутација и има соработка со бројни институции во светот. Висококвалификуваниот кадар на професори и предавачи, големиот избор на студиски програми и современите материјали и технички услови го прават овој универзитет еден од подобрите во Бугарија.

Универзитетот има девет факултети на кои се реализира настава за додипломски, последипломски и докторски студии, со капацитет за запишување на 15 000 студенти.