Денес, во Скопје, во спортската сала на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје беше одиграно првото коло од Универзитетската лига во футсал. Во лигата настапуваат најголемите универзитети во земјата.
Екипата на МСУ составена од студенти од петте наши факултети играше против екипата на УГД од Штип. Остваривме победа од 5:2.
Нашите момци го започнаа натпреварот одлично со два брзи голови и до крајот на натпреварот ја одржуваа предноста.
Капитенот на екипата Мартин Никовиќ постигна два голови исто како и Роберто Здравески, додека Валентин Белески постигна еден гол.
Имавме уште неколку зицери кои не беа искористени за уште поубедлива победа. Одлично се покажаа и нашите голмани кои имаа одлични интервенции.
Наредното коло, екипата на МСУ ќе игра против Државниот универзитет во Тетово.