Свечено врачени дипломите нa дипломците и магистрите на МСУ во Битола
Денес, на 25 мај 2022 година во Офицерскиот дом во Битола беа свечено доделени дипломите на дипломците и магистрите на МСУ во Битола од страна на деканите и ректорката проф. д-р Ленче Петреска.
Во еден прекрасен амбиент со силни пораки на говорницата Универзитетот на свој прикладен начин го продолжи чествувањето на светите браќа а круна на задоволството беше заедничката фотографија и видео со дел од професорите кое ќе остане во долго сеќавање.