На 24 мај 2022 година (вторник) ректорката, проф. д-р Ленче Петреска, и деканите на нашите 5 факултети, свечено ги врачија дипломите на 170 дипломци и 130 магистри на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе.
Ова е четиринаесетта генерација дипломци на Меѓународниот Славјански Универзитет, а осма генерација на магистри.
Денес го заокруживме она кое го започнавме пред неколку години. Се надеваме дека сите оние моменти кои го оплемениле студентскиот живот на оваа генерација ќе останат како едно убаво животно искуство. Голема благодарност до родителите на дипломците и магистрите за поддршката во текот на студиите.
Низ годините со макотрпна работа, чесност, квалитетна едукација, посветеност и ориентираност кон студентите во период од скоро две децении успеавме сите заедно да го изградиме универзитетот и да го направиме да биде еден од најголемите приватни универзитети од кои излегуваат висококвалификувани кадри. Меѓународниот Славјански Универзитет постои веќе 18 години, располага со два кампуси во Свети Николе и Битола и е втор дом на повеќе од 2000 студенти.