Испитни сесии


Во текот на една академска година има 6 испитни рокови (сесии) од кои три се редовни, а три вонредни.

Редовни:

  • јануарски;
  • јунски и
  • септемвриски,

Вонредни:

  • априлски;
  • октомвриски и
  • ноемвриски.

Првата редовна испитна сесија е во јануари и се полагаат испитите по предметите слушани во првиот семестар. Доколку студентот не ги положи сите испити во јануари, истите може да се полагаат во Априлската (вонредна) сесија. За полагање во вонредна сесија не се плаќаат казни.

Втората редовна испитна сесија се одржува во јуни и се полагаат испитите од вториот семестар. Доколку студентот не ги положи испитите во јуни, може да ги полага во Септемвриската сесија – исто така без плаќање на казни, освен ако студентот нема исполнето услов за упис во наредна година. Дополнителни вонредни сесии се октомвриската и ноемвриската.

Согласно правилниците за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв и втор циклус студии, студентот во еден ден може да полага најмногу 2 испити од истата студиската програма односно најмногу 5 испити во една испитна сесија.

Во сите сесии можат да се полагаат испити од парните и непарните семестри.

Пред сесијата, без разлика дали студентот претходно ги има положено двата колоквиуми, испитите треба да се пријават електронски (преку Е-индекс). Резултатите од испитите ќе пристигнат на корисничката сметка на студентот веднаш штом професорот ги објави.


Пријавување испити


Пред сесијата, без разлика дали студентот претходно ги има положено двата колоквиуми, испитите треба да се пријават електронски (Е-индекс). Роковите за пријавување се објавуваат на Е-учење. 

Пријавување на испит чини 50 денари. Но, за пријавување на испит надвор од предвидените временски рамки, следува еднократна казна од 500 денари и казна од 100 денари за секој ненавремено пријавен испит.

Резултатите од испитите ќе пристигнат на корисничката сметка на студентот веднаш штом професорот ги објави.