Екипата од македонскиот филм „Најголемата вистина“ гостуваше на премиерата во Киноверзум
28 февруари 2022Се одржа првото предавање од вториот курс Латински за правници
1 март 2022
Годинава студентите од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ изработија мартинки по повод 1-ви март. Со љубов и трудољубивост нашите студенти ги изработуваа мартинките кои подоцна беа подарени од нив и претставници од нашиот тим на најмалите ученици од ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе, лицата од Дневниот центар во Свети Николе, учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола, Дневниот центар за лица со церебрална парализа „Ѕуница“ – Прилеп и ДСУ „Искра“ – Штип.
Симболика на мартинката како особено културно обележје претставува дар за секого на кого му посакуваме здравје, среќа, бериќет… Црвената боја ја симболизира крвта и љубовта, а белата асоцира на чистота и искреност.
Со мартинките подаривме љубов кон традицијата, кон луѓето, кон сите оние кои ги почитуваат човечките вредности.