Шаховски турнир „Державин“ – 2017

На Славјански се одржа стенд ап шоу со Ивана Наскова насловено „Кога ќе се мажиш?“
5 ноември 2017
Неколку илјади книги за големата „елка на знаење“ во Свети Николе
17 ноември 2017

Повик за вториот Шаховски турнир „Державин“ во Битола

Меѓународниот Славјански Универзитет како организатор Ве поканува да земете учество на дводневен аматерски шаховски турнир со стручна помош на членови од битолскиот шаховски клуб. Турнирот ќе се одржи на 22 и 23 декември 2017 во големата конференциска сала на нашиот универзитет во Битола, со почеток од 11:00 часот.  Линк до настанот на Facebook.

Турнирот е наменет за членови на шаховски клубови и аматери од 15 до 27-годишна возраст.

  • Судија: Миодраг Јазаџиевски

Игра:

  • Темпо на играње 10 минути со додаток 5 секунди по потег, почнувајќи од првиот потег (10’ + 05”).
  • Швајцарски систем, 9 кола, по правилата на ФИДЕ за забрзан шах.


Наградeн фонд:

Најдобрите тројца шахисти ќе ги добијат следниве награди:

1 место: ЛАПТОП + Златна плакета
2 место: ТАБЛЕТ  + Сребрена плакета
3 место: ШАХОВСКИ СЕТ  + Бронзена плакета

Следуваат специјални плакети за:

• Најдобрата шахистка
• Најперспективниот млад шахист (до 18 години)


При делба на место одлучува:

  • Бухолц – 1 (без најлош противник)
  • Бухолц
  • Поголем број победи
  • Прогрес
  • Скратен прогрес

Програма:

  • прв ден I-VI коло, со пауза измеѓу трето и четврто коло,
  • втор ден, СИМУЛТАНКА со велемајстор Влатко Богдановски и доигрување на последните три кола

Деталната програма ќе биде наскоро објавена.


Фотографија од турнирот во 2016 година.


Пријавување:

  1. Право на учество имаат членови на шаховски клубови и аматери на возраст од 15 до 27 години.
  2. Рок на пријавување: 15 декември 2017.
  3. Котизација за учество – 200 денари за два дена. Во котизацијата се вклучени закуски и пијалоци во текот на двата дена.
    Сметка за уплата: Примач: ПВУ МСУ, Сметка: 320-1000028568-45, Банка: ЦКБ. На уплатницата задолжително треба да биде наведено името на учесникот кој се пријавува за турнирот.
  4. За дополнителни прашања Ве молиме обратете се на shahovski@msu.edu.mk или на 078 313 512 – Игор Mихајловски.
  5. Пријавувањето се врши исклучиво со пополнување на следната апликација:

Пријава за учество на шаховски турнир

Со пополнување на оваа апликација Вие се пријавувате за учество на Шаховскиот турнир „Державин“ организиран од Меѓународниот Славјански Универзитет кој ќе се одржи на 22 и 23 декември 2017 во Битола и се согласувате Вашите податоци да бидат внесени во нашиот систем.

CAPTCHA
Please wait...