Студентски блог: Судбината наспроти слободната волја – Стефанија Арсова
4 јуни 2021Повик за Летна лидерска школа
6 јуни 2021На 4 јуни 2021 се одржа XII Меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: ИСТОК-ЗАПАД“, која секоја година се одржува на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ како заеднички проект со Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од Русија. Втора година по ред конференцијата се одржува онлајн, поради корона вирусот.
Со поздравен говор на конференцијата се обратија д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Организациониот одбор на конференцијата и претседател на Управен Одбор на МСУ, проф. д-р Ирина Налетова, прв проректор на Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“, и ректорката на МСУ „Г. Р. Державин“, проф. д-р Ленче Петреска, која официјално го отвори настанот. Модератор на конференцијата беше м-р Милена Спасовска.
Околу 70 учесници ги презентираа своите трудови на петте активни работни сесии:
- Право и политикологија,
- Економија,
- Психологија и образование
- Филозофија, лингвистика и културологија и
- Безбедносно инженерство и информатика.
Преку организирањето на оваа конференција, продолжува традицијата во креирање на отворен и конструктивен дијалог на актуелни теми во повеќе области.