Повик за Летна лидерска школа

Се одржа XII Меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: ИСТОК-ЗАПАД“
5 јуни 2021
На МСУ во Битола врачена наградата на Битолски весник „Тоде Петревски“
6 јуни 2021

Повик за Летна лидерска школа

Успехот во едно општество во најголема мера зависи од квалитетот на процесите кои се случуваат во него. Лидерството е комплексно дејствие кое е составено од различни сложени процеси кои обидинуваат многу аспекти. Пред сѐ, станува збор за способност за градење релации, решавање на ситуации и водење на процеси. Во рамките на овие аспекти има многу поткатегории меѓу кои способност за отворена и искрена комуникација, почитување на другите, подготвеност за саможртвување поради другите, тимски дух и други слични позитивни интерперсонални карактеристики.

Една од главните карактеристики на афирмиран лидер се стручноста за работата и знаењето и способностите кои ги поседува. Со поседување на овие карактеристики луѓето му веруваат на лидерот затоа што се сигурни дека тој знае што прави.

Свесни за големото значење на ЛИДЕРСТВОТО, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ И „Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД – Штип“ организираат ЛЕТНА ЛИДЕРСКА ШКОЛА. Посетете ја оваа страница за да ги разгледате достапните онлајн предавања.



Цели на ЛЕТНАТА ЛИДЕРСКА ШКОЛА:


  • Развој на капацитетите на личноста,
  • Транформација на знаењето во сет од лидерски вредности,
  • Способност за управување со организации во согласност со поставените цели;
  • Соодветно знаење и подготвеност за преземање на ризици;
  • Подготвеност за донесување на стратешки одлуки;
  • Способност за градење на тимови;
  • Способност за јасно и брзо мотивирање на луѓето;
  • Способност за водење и организирање
  • Способност за глобално размислување, анализа на светските трендови и развој на визии.

Зошто се потребни лидери?


За напредок на едно општество, потребно е истото да биде водено од квалитени лидери како во делот на општествените процеси, исто така и во делот на деловните процеси. Со инвестирање во успешни лидери се обезбедува можност за успешна иднина, а со тоа и зголемување на квалитетот на живот на граѓаните.