„Психотерапија и личен развој во кризи“ е петтото предавање во рамките на Платформата за психолошка поддршка. Предавањето се одржа на 19.04.2022 година со почеток од 19:00 часот.
Предавањето го водеше проф. д-р Мирослав Пендароски од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет и имаше над 600 учесници.
Предавањата во рамките на платформата за психолошка поддршка се бесплатни и учество може да земат сите заинтересирани граѓани.