Во релаксирана и пријатна атмосфера во присуство на познати гости и истакнати општествени работници, денес во библиотеката на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Свети Николе се одржа свечена промоција на книгата „Колективното преговарање и синдикалното водство“ од авторот доц. д-р Живко Митревски, професор по предметот Трудово право на Факултетот за правни науки при МСУ.
За книгата говореа рецензентите проф. д-р Тодор Каламатиев, професор по предметот Трудово право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје и проф. д-р Александар Илиевски, Декан на Факултетот за правни науки при МСУ.
На промоцијата обраќање имаше и Претседателот на УО на МСУ, д-р Јордан Ѓорчев, а посебен осврт за книгата даде и самиот автор.