
Професори од Романија на Еразмус+ наставна мобилност на Меѓународен Славјански Универзитет
29 октомври 2026МСУ го збогати библиотечниот фонд со нови изданија од Меѓународниот саем на книгата во Белград
Во периодот од 26 до 28 октомври 2026 година, претставници на Меѓународен Славјански Универзитет го посетија Меѓународниот саем на книгата во Белград, еден од најзначајните регионални настани посветени на книгата, издаваштвото и академската култура. Во посетата учествуваа проректорката за настава и наука, проф. д-р Горица Поповска Налевска, проф. Трајанка Макреска, проф. Горан Биџовски и раководителот на кампусот во Битола, Игор Михајловски.
Во рамките на посетата беше набавена нова стручна и научна литература за збогатување на библиотечниот фонд на Универзитетот. Новите изданија ќе им бидат достапни на студентите, наставниот кадар и истражувачите, како дополнителна поддршка во учењето, наставата и научноистражувачката работа.
Со континуираното збогатување на библиотечниот фонд, Меѓународен Славјански Универзитет продолжува да инвестира во квалитетно образование и во обезбедување современи академски ресурси.






