Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола – Р. Северна Македонија ги известува сите студенти и соработници дека по повод празникот посветен на Св. Климент Охридски, согласно соопштението на Министерството за труд и социјална политика и согласно со Законот за празниците на РМ, 8 декември, четврток, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Воедно, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола – Р. Северна Македонија им го честита празникот на граѓаните на Република Северна Македонија коишто го чествуваат и го слават патронот Св. Климент Охридски.