На 20 април 2022 година (среда) во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет беше потпишан договор за соработка помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет и Независен синдикат на државна администрација (НСДА).
Договорот го потпишаа проф. д-р Ленче Петреска, ректор на Меѓународен Славјански Универзитет и м-р Горан Ристески, претседател на Независен синдикат на државна администрација.