По повод 90-годишнината од основањето на Ротаријанскиот дистрикт 1912, претседателот на Управен Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, проф. д-р Јордан Ѓорчев со своја поезија настапи во културната програма, која беше проследена со издавање на книга во која се објавени избрани дела од поетите Ротаријанци од овој дистрикт.
На настанот учество земаа повеќе поети од словенечки и македонски Ротари клубови чии поетски остварувања се исто така објавени во книгата.
Со оваа публикација Ротари дистриктот 1912 сака да покаже дека за културата не постојат граници и пречки, дека таа може да расте, да се развива, споделува и размножува низ срцата и мислите, но и со нашите постапки.