Денес членови на Одборот за евалуација на високото образование, предводени од претседателката проф. д-р Марина Митревска го посетија Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе.
Целта на посетата беше размена на меѓусебни искуства, идеи и предлози во насока на подобрување на процесот на евалуација и самоевалуација.
На работната средба присуствуваа претседателот на Управен Одбор, проф. д-р Јордан Ѓорчев, ректорката, проф. д-р Ленче Петреска, претседателката на Сенатот на МСУ, проф. д-р Павлина Стојанова, проф. д-р Никола Поповски, проф. д-р Живко Митревски и м-р Борче Серафимовски, заменик претседател на Управен Одбор.