Предавање од Џеф Кабили од Stanford Continuing Studies на тема: Nonverbal Communication: The Power of Body Language and Voice

Loading Настани

« All Настани

  • This event has passed.

Предавање од Џеф Кабили од Stanford Continuing Studies на тема: Nonverbal Communication: The Power of Body Language and Voice

17 февруари @ 12:00 - 14:00

Џеф Кабили, предавач од Stanford Continuing Studies доаѓа на Меѓународен Славјански Универзитет на 17. февруари 2024! Не пропуштајте ја оваа ретка можност да присуствувате на интерактивно предавање од искусен предавач од еден од најдобрите 3 светски универзитети на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе.

Присуствувајте на нашето бесплатно интерактивно предавање на тема “Nonverbal Communication: The Power of Body Language and Voice“ и научете како да ја пренесете вашата порака на убедлив начин, фокусирајќи се на невербалната комуникација и техниките за изразување.

  • 📅 Датум на настанот: 17 февруари 2024 (сабота), 12:00 часот.
  • 📍 Локација: Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе.
  • 🌍 Работен јазик: англиски.
  • 💳 Учеството на настанот е бесплатно. 


Опис на интерактивното предавање


Како да презентирате на убедлив и интересен начин?  Дали би сакале она што го кажувате да има поголемо влијание врз публиката, без разлика дали ја презентирате идејата за вашиот стартап пред инвеститори или презентирате производ или услуга пред клиентите, соработниците или колегите?

Ова интерактивно предавање ќе се фокусира на „како да се каже“, наместо на „што да се каже“, навлегувајќи во ефективна невербална комуникација. Ќе опфатиме техники на изразување, вклучувајќи гестикулации, движења на телото, глас, одржување на контакт со очите, како и користење на тишината како алатка. Главниот акцент ќе биде на конзистентноста помеѓу вербалната и невербалната комуникација.

Дополнително, ќе научиме како невербалната комуникација може да се користи како алатка за влијание во потешки ситуации (како што се предавање во нерасположена група) и за оптимизирање на влијанието на вашата порака во стресни услови (како што се интервјуа за работа и деловни преговори).


За предавачот – Џеф Кабили


Џеф Кабили е предавач на Stanford Continuing Studies и специјалист за ефикасна невербална комуникација (говор на телото и глас), раскажување приказни и уметност на говорење. Тој е поранешен директор на Business Development при Stanford Graduate School of Business каде што ја извршуваше оваа функција десет години (до 2015 година).

Предава Ефективни невербални комуникациски вештини на Stanford Continuing Studies. Тој спроведува работилници во корпорации и организации (Google, Netflix, LinkedIn, Светската организација за интелектуална сопственост во рамки на Обединетите нации…) и универзитети (Bocconi University, Politecnico di Milano, HEC France…). Своите предавања и работилници ги води на повеќе јазици и често ја користи својата формална обука за професионално актерство.

Во прилог е подеталната биографија.


За кого е наменето предавањето?


Сметаме дека интерактивното предавање ќе биде итнересно за:

  • Студенти кои се подготвуваат за интервјуа за работа,
  • Дипломирани студенти и млади професионалци кои се обидуваат да успеат во бизнис преговори,
  • Основачи на стартапи кои бараат финансирање или ги претставуваат своите бизнис идеи,
  • Професионалци кои работат во продажба и кои се обидуваат да ги подобрат своите вештини за комуникација,
  • Јавни говорници кои се обидуваат да ја подобрат својата комуникација со публиката,
  • Професионалци на лидерски позиции кои сакаат да ја подобрат својата невербална комуникација за менаџирање на тимот,
  • Професори и предавачи кои сакаат да ја подобрат својата комуникација со учениците,

Доколку не се пронаоѓате во наведените категории, но сметате дека предавањето е важно за вас, слободно пријавете се на апликацијата подолу.


Како да се регистрирате?


Резервирајте го вашето место сега – ова е првиот чекор кон совладување на уметноста на невербална комуникација! Обезбедете го вашето место денес со регистрација на настанот преку оваа апликација:

Почитувани,

апликацијата за регистрирање повеќе не е достапна. Веќе се пополнети сите предвидени места.

Ве молиме обратете се на info@msu.edu.mk


Споделете го настанот со пријателите и колегите


Слободно споделете ја оваа покана со пријателите, колегите или секој со кој го делите интересот за темата. Придружете ни се на предавањето, каде што не само што ќе го проширите вашето знаење, но и ќе имате можност за вмрежување со истомисленици.

Детали

Датум:
17 февруари
Време:
12:00 - 14:00
Настан Категорија:

Локација

МСУ Свети Николе

Организатор