Наше големо задоволство е да ви упатиме топла покана за нашиот долгоочекуван годишен настан, Денови на психологија™, чиј домаќин е Факултетот за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет.
Подгответе се за настан со многу говорници и предавачи од областа на психологијата, интерактивни работилници и дискусии за широк спектар на теми од психологијата.
Без разлика дали сте студенти, искусни професионалци од областа, или едноставно ја сакате психологијата, на настанот можете да најдете содржини кои ќе ве интересираат.
Обезбедете го вашето место денес со регистрација на настанот за физичко присуство подолу на оваа страница. Раната регистрација гарантира дека Вашето место на настанот е обезбедено!
Слободно споделете ја оваа покана со пријателите, колегите или секој со кој го делите интересот за фасцинантниот свет на психологијата. Придружете ни се на нашите Денови на психологијата, каде што не само што ќе го проширите вашето знаење, но и ќе разговарате со истомисленици и искусни психолози.
За да учествувате на настанот онлајн, Ве молиме регистрирајте се на следниов линк: https://msu-edu-mk.zoom.us/meeting/register/tZYscu6hqTouHdXpPWoDKyOQpTQRMJdTwQZK
Формата не е достапна за пријавување.
Денови на психологија™ е заштитена трговска марка. Секое неовластено користење и прекршување е казниво по закон.