Нашата студентка од Црна Гора, Ирена Маџгаљ, ја доби наградата за најдобар студент на Општина Бијело Поље за 2022 година. Ирена е студентка на Факултетот за економија и организација на претприемништво на Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе.
Наградата беше доделена на свечената седница на Собранието на Општина Бијело Поље, по повод 3 јануари – Денот на Општина Бијело Поље. Наградата ја врачи градоначалникот на Бијело Поље, Петар Смоловиќ.
„Горда сум што сум добитник на наградата за најдобар студент. Би сакала да се заблагодарам на сите кои го препознаа мојот труд. Ќе продолжам да се трудам и да ги подобрувам моите знаења и вештини. Голема благодарност на мојот Меѓународен Славјански Универзитет кој ми пружи многу можности, како и на професорите кои несебично ми помагаат да напредувам“, рече Ирена.