Вчера во амфитеатарот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ Свети Николе, свечено беше одбележана Масленица, руска Прочка. Настанот, на кој присуствуваа околу 500 граѓани од повеќе градови на Македонија, беше во организација на Славјански, на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија и на Сојузот на друштвата за македонско-руско пријателство.