Во присуство на членовите на најтесното семејство, новинари и почитувачи на неговото дело, на 28 мај во амфитеатарот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола, беше врачена наградата за новинарство на Битолски весник „Тоде Петревски“.
Добитничка на наградата која Битолски весник 17 години по ред ја доделува во чест на покојниот новинар на Радио Скопје и дописник од Битола, Тоде Петревски, е новинарката Анета Блажевска.
Наградата ја додели сопственикот на Битолски весник, Менде Младеновски. Анета Блажевска речиси три децении се занимава со новинарството. Таа работела во повеќе локални и национални медиуми, како новинар, уредник и водител.