Меѓународен Славјански Универзитет продолжи со презентирањето на своите наставни програми пред матурантите. На 10 мај 2022 година (вторник) се одржа презентација на наставните програми пред матурантите од СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип.
Покрај можностите за студирање, матурантите беа запознаени и со студентскиот живот на МСУ, активностите кои ги организираат нашите студенти, можностите за стипендии и останатите отворени конкурси.