МСУ најавува соработка со шампионот во бодибилдинг Тоше Зафиров во областа на спортската психологија
9 септември 2020Активности на Претседателот на Сенатот на МСУ, проф. д-р Васко Стамевски
22 септември 2020Почитувани студенти,
ве известуваме дека Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ годинава ги продолжува предавањата онлајн. Наш приоритет се здравјето и безбедноста на нашите студенти. По високиот процент на реализирани онлајн предавања и три успешно спроведени испитни сесии (и четврта испитна сесија во тек), одлучивме дека онлајн предавањата во моментов се најдобар избор за нашите студенти.
Ние сме подготвени да одговориме на сите ваши прашања за да ви помогнеме полесно да ја започнете новата академска година. За таа цел кон крајот на септември ќе направиме воведни консултации за новата академска година. Воведните консултации ќе се одржат во периодот од 21 до 26 септември. За точните термини на консултациите ќе направиме нов напис, а линковите ќе ги испратиме до вашите ментори. Менторите ќе ги препратат линковите до сите студенти.
Предавања и испити
Нашиот уникатен систем кој е воведен за предавањата вклучува 12 администратори како посредници помеѓу студентите и професорите. Администраторите се грижат за распоредот и организацијата на онлајн предавањата. Заеднички, тие соработуваат со менторите за навремено известување на сите студенти.
Ние како универзитет досега ја користевме и ќе продолжиме да ја користиме платформата Zoom која ги нуди потребните алатки за успешно спроведување на предавањата и испитите.
Е-учење
Нашата платформа за Е-учење која постоеше од претходно содржи голем процент од електронските материјали кои им се потребни на студентите. Во моментов на Е-учење се достапни учебници, скрипти и презентации. Нашиот тим работеше на платформата за Е-учење во текот на целото лето. Додаваме нови модули и од октомври платформата ќе биде збогатена со повеќе алатки (како видео презентации и сл.) и материјали.
Книжарница и печатница
Нашата книжарница и печатница ви беше и се уште е на располагање во секое време. По почетокот на академската година на први октомври, откако ќе бидат објавени материјалите кои ќе се користат за предметите, истите ќе може да ги нарачувате телефонски (032 610 603), на електронска адреса (info@mcsp.mk) или преку нивната Фејсбук страница или веб страница.